Ристовски: Ако се потврдат сомнежите на Кожуф и Башкими ќе им биде одземена дејноста спорт

Министерот за спорт, Борко Ристовски се огласи на социјални мрежи после скандалот во Гевгелија, од мечот меѓу Кожуф и Башкими.

„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите на клубвите Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт. Борбата за чист спорт продолжува и Министерството за спорт ќе биде секогаш на вистинската страна“, напиша министерот Ристовски на социјалните мрежи.

Мечот во Гевгелија заврши со резултат од 1:2 за екипата на Башкими, откако Кожуф преку пресврт загуби.

Александар Ванев, М-Нет