
Првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики ќе бидат изречени до крајот на годината, истакна денеска од Штип, заменик министерот за економија и труд Маријан Ристески. . Тој посочи дека наредната година предвидено е поголеми и повекратно зголемување на казнените одредби, а во текот на минатата и оваа година имаат преземено сет на мерки, меѓу кои ограничување на цени.
„Меѓутоа вака од оние битни работи, коишто ги направивме за заштита на животниот стандард и цените особено на прехранбените, земјоделски производи се неколку. Пред се донесување на Законот за нефер трговски практики, којшто е во тек, Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености во однос на спроведувањето на законот, особено маркетите. Кон крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни, коишто сметаме дека се многу мали предвидени со тој Закон. Наредната година секако дека ќе имаме предвидено многу поголеми и повеќекратно зголемување на казнените одредби, изјави Ристески.
Тој посочи дека пазарните инспектори имаат изречено и казни кон трговците на големо и мало во текот на годината во износ од околу два милиони евра.
„Меѓутоа да ја пофалам и пазарната инспекција, во текот на оваа година измината, направиле 18.000 вкупно контроли-надзори на трговија на мало и големо. Воочени се и голем број на неправилности. Така да од тие неправилности се изречени платни налози-казни некаде во висина од околу 120 милиони денари или вкупно два милиони евра. Ние и понатаму ќе ја следиме ситуацијата со цените во сите маркети на трговија на мало и големо и доколку има нормално, пазарната економија е основна во функционирањето на оваа држава, рече Ристески.
Ристески посочи дека очекуваат оти во наредниот период ќе успееат да ја стабилизираат инфлацијата на годишно ниво и да биде некаде околу 3%.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет