Решен деценискиот проблем, повеќе од 20 домаќинства се поврзани со фекална канализација во Долна Железничка

Неповрзувањето со фекална канализација која беше долгогодишен проблем на граѓаните од населба Долна Железничка денеска конечно е решен. Повеќе од 20 домаќинства се поврзани со фекална канализација. За оставрување на овој проект од буџетот на општина Штип се издвоени три милиони денари, за надминување на овој проблем.

„По барање на жителите од населбата и како што најавив во изминатиот период ќе се врши реконструкција на најглавната улица во населба Долна Железничка. Жителите кога влеговме во оваа населба со право со неверување ја примија веста дека ќе се работи на решавање на проблемот со фекалната канализација. Еве после неколку недели сите домаќинства кои што не беа поврзани се поврзани, сите стопански објекти исто така се поврзани„ вели Јорданов

Директорот на ЈП Исар посочи дека ова е ден за паметење бидејќи после долги години заборав, проблемот со фекалната канализација на ова подрачје кончено е решен.

„Ова е историски ден, ден за паметење кога општина Штип заедно со граѓаните и Јавното препријатие сведочат на решавање на долгогодишниот проблем на граѓаните кои живеат на ова населено место. Ние како претпријатие ја примаме оваа инфраструктура е составен дел веќе на примарната фекална канализација на општина Штип и го решаваме деценискиот проблем на граѓаните кои живеат на ова место„ посочи Зајков

Граѓаните во оваа прилика посочија дека овој ден е од особено значење за нив бидејќи е надминат проблемот на жителите на Долна Железничка, во едно упатија благодарност до градоначалникот Јорданов и општинската власт.

„Од големо значење е надминувањето на овој проблем за жителите на Долна железничка, голема благодарност до градоначалникот и општинската власт за излегување и решавање на овој проблем„

Проблемите со кои се соочуваат граѓаните ќе се надминат и ќе станат минато посочи Јорданов, со тоа што ќе придонесе градот Штип да биде едно урбано и пристојно место за живеење.

Лаура Стојанова, М-Нет