
Рецептите и упатите ќе се дигитализираат, хартиената документација ќе се користи само привремено ако има прекин на системот. Според министерот за здравство Азир Алиу, пациентот ќе треба само да се појави во здравствена институција со документ за лична идентификација. Лекарот ќе има пристап до досието и до целиот здравствен историјат на пациентот.
„Сè ќе биде дигитално и пациентот само треба да се појави во здравствена институција со документ за лична идентификација. Лекарот ќе има пристап до досието и до целиот здравствен историјат на пациентот“, кажа министерот Алиу
Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено , како што кажа Алиу, ќе се надминат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и ќе се овозможи нивно целосно електронско водење.
Министерот најави дека се работи на Националниот хардверски центар во просториите на Министерството. Со законското решение исто така и „Мој термин“ ќе се користи и ќе се надградува.
Иван Митев, М-Нет