
Вардар загуби на првиот пролетен меч од Шкендиај во дербито на двата поранешни шампиони кое се играше на Арената во Скопје со 1:2. Бесарт Ибраими погоди за 0:1, откако на полувреме немаше погодоци. Потоа Закариќ од пенал израмни на 1:1, а Фабрице ги постави конечни 1:2.
Немаше погодоци во Битола, реми (0:0) за поделба на бодовите меѓу Пелистер и Брера Струмица, додек апак Шкупи преку Аворнуо и Имери славеше против Работнички со 2:0.
Силекс ремизираше со Тиквеш на домашен терен (1:1), каде Алиќ погоди за Силекс, а во 78. минута Садик израмни на конечни 1:1.
Воска Спорт со погодоците на Жулј и Клинтон дојде до победа од 2:0 против Беса во дербито за опстанок во Прва лига, а пак Алпер Потук постигна гол во 95. минута за победа на Гостивар против шампионот Струга.
Сега лидер е Шкендија со 40 бодови пред Силекс и Гостивар кој имаат по 38 бодови.
Александар Ванев, М-Нет