Реми без голови на Македонија против Ирска во Даблин

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше без погодоци (0:0) против Ирска во Даблин, во меч кој беше од пријателски карактер и немаше никакво значење, но притоа и самиот меч не понуди многу привлечност.

Ирска имаше иницијатива на мечот и создаваше повеќе шанси, но Македонија дефанзивно одлично беше поставена и преку голманот Столе Димитриевски останавме со чиста мрежа.

Имран Фетаи на вчерашниот меч доби шанси и практично дебитираше за националниот тим.

Ова беше меч на двете поразени репрезентации во баражот за Светското првенство. Македонија загуби од Данска, а пак Ирска беше поразена од Чешка.

Следниот собир на репрезентацијата се очекува да биде во јуни, а тогаш ќе бидат одиграни и пријателски натпревари.

Во финалето за пласман на Светското првенство по изведување на пенали Чешка беше подобра од Данска, со што Данците остануваат без пласман на Мундијалот.

Покрај Чешка, вчера голема сензација се случи откако Босна и Херцеговина славеше преку пенали над Италија, откако во регуларниот дел од мечот беше 1:1 со што Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство. Косово со минимални 0:1 загуби од Турција во Приштина и не можеше да испише историја, а Шведска со 3:2 ја доби Полска за „билет“ на Мундијалот.

Александар Ванев, М-Нет