Реконструирана полициската станица во Св. Николе, полициската работа на високо ниво

Реконструирана полициската станица во Свети Николе. Министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски исткна дека се работи за доброто на граѓаните, а тоа се покажува преку соработката на Централната и Локална власт. Објектот е реконструиран по модерни енергетски страндарди со кои дополнително се штеди на потрошувачката на електрична енергија. За реконструкција на објектот во Свети Николе се издвоени 16 ипол милиони денари пари издвоени од Буџетот на министерството.

„Извршивме целосно реконструирање на објектот на ОВР Свети Николе. Ова е објект кој после 70 години се прави целосна и темелна реконструкција. Нашиот принцип на работа е опремена полиција, задоволни граѓани практично ги реализираме на дело со вложување во еден ваков објект. Објектот е реконструиран по сите стандарди, енергетска ефикасност и заштита на животна средина. Ако погледнеме 2017 – 2020 околку 45 милиони денари имаме намалување на плаќањето на сметки за струја“ – кажа Спасовски.

Истовремено, во склоп на денешната работна средба во Свети Николе се разговараше и за состојбата на полициското работење. Спасовски истакна дека има добри резултати во намалување на криминалитетот, и така продолжувааат да работат.

„Разговаравме за полициското работење, не информираа началниците за состојбите со безбедностата состојба на работа на СВР Штип. Имаме исклучително добри резултати, иамме намалување на криминалитетит, разотркивачката дејоност е 60%“ – додаде Спасовски.

Рејконструкција на полициксите станици, работа за доброто на граѓаните и полицијата е главна цел по која се води министерството додаде Спасовски.

Лаура Стојанова М-Нет