
И додека од една страна в.д градоначалникот поднесе кривична пријава, угостителите со соопштение реагираат на селективност при рушење на нелегални објекти. Велат дека инспекциските служби во Општина Кочани низ годините наназад имаат донесено 700 решенија за рушење дивоградби, а сега приоритет се дава на четните тераси на угостителските објекти во Трговскиот центар.
„ Прашуваме зошто општината прави селективност во рушењето, зошто се дава приоритет на нашите времени објекти за кои се донесени решенија во последниот месец, а не се рушат оние 700 објекти кои чекаат на извршување со години. Без разлика на се, ние како угостители сме спремни повторно да седнеме на маса со градоначалникот и надлежните служби во општината и одново да разговараме за ситуацијата. Да ни се објасни што смееме, а што не смееме да поставиме пред нашите објекти. Рушењето на времените објекти нема да биде од корист ни на нас сопственциите и вработените, ниту на општината, а најмалку на граѓаните. “ – стои во соопштението од угостителите.
Дополнително додаваат дека заради трагедијата во дискотеката Пулс имаат намален промет, едвај опстојуваат и врзуваат крај со крај. Децидни дека рушењето на четните тераси значи и клуч на врата за пицериите во центарот на Кочани.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет