
Цената на краставицата драстично намаелна и на пазарот во Виница, се продаваше по цена од 20 денари за килограм. Намалени беа цените и на доматите, пиперот за пржење како и на компирите. Како што велат продавачите цените се нормални и евтини за овој период од годината, ама топлото време ги задржа купувачите дома.
„Многу слаба е побарувачката, жешко е, граѓаните немаат пари, а нема ниту народ. Цените се ниски“ – велат продавачите.
За поголем дел од купувачите и денеска беше скапо, бидејќи како што велат ниски се примањата. Ама мора да се купи овошје и зеленчук.
„Цените се нормални, работе народот, без пари нема никаде“ – велат купувачите.
Пазарот во Виница изобилуваше и полни тезги сезонско овошје, зеленчук, ориз, мед, ракија, како и парчиња текстил.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет