
Расте увозот од Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија во државата, најмногу за нафтени масла и возила за пренос на лица. Само во текот на 2025 година ове земји учествуваат со 47,8 проценти во вкупниот обем на размена, а останатите земји кои се членки на европската унија со 58,9 пронцети од вкупната размена.
„Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 711 069.6 милиони денари, што е за 4.46 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.9 % во вкупната размена.“, велат од ДЗС
Но, од друга страна се зголемува и извозот од државава, само изминатата година бележи зголемување за над 3 проценти. Вредноста на истиот во изминатата година изнесува 493 235 милиони денари.
,,Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 493 235.9 милиони денари и бележи пораст од 3.01 % во однос на истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.“, додаваат од таму
Иако податоците покажуваат дека увозот е се поголем, сепак и извозот бележи раст, кој е за околу еден процент помал од бројот за увоз во државата.
Иван Митев, М-Нет