Расправии за вода ја вандализираат Ридарска чешма во Штип, граѓаните несовесно ја користат

Ридарска чешма во Штип – мета на вандализам. Истата се реконструира, но препораката да не се користи водата изминативе неколкудена, освен што пречи на градежните активности, создава и раздор, односно револт меѓу граѓаните на Штип. Да полнат вода доаѓаат не само од оваа населба, туку и жители на другите населби низ Штип, а полнат големи количини, па и го рушат веќе направеното. За ова сведочат градежните работници преку хуманитарната организација „Подај рака спаси живот“ кои веќе неколкудена работат таму.

Водата од водоводот од вчера може да се користи и за пиење и готвење. Решението од Агенцијата за храна и ветеринарство и анализите на водата покажаа исправност, но проблемите на чешмата продолжиле и утринава.

Инаку, хуманитарната организација почнала да работи на реконструкцијата во истиот ден кога и излезе соопштението од ЈП „Исар“ за некористење на водата, па уште од тогаш вандализмот е пречка за работата.

И тамошните жители зад објективот на нашата камера апелираа на совест и разбирање, како и културно и човечно користење на водата. Велат – вистина е дека оваа чешма е една од најстарите и има најпивка вода, не сепак истата треба посовесно да се користи.

Ребека Спасова М-Нет