Во штипско и беровско пронајдени огревни дрва без соодветни документи, одземени две возила

На 21.02.2022 околу 15.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полицики службеници од Полициската станица Штип пронашле патничко возило „застава“ без регистарски таблици натоварено со огревни дрва без соодветна документација. Возило и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

На 21.02.2022 околу 20.45 часот во с.Митрашинци, беровско, полициски службеници од Полициската станица Берово пронашле патничко возило „хундаи галопер“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(35) од с.Митрашинци, натоварено со огревни дрва без соодветна документација. Возило и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.