
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од претпоследното 14. есенско коло на Втората македонка фудбалска лига, а кои натпреварите се играат утре со почеток од 13 часот.
Ндерим Тефику ќе биде задолжен да ја дели правдата на натпреварот меѓу Осогово и Каменица Саса, натпревар кој се игра во Кочани, а кој ќе може да го следите во живо само на М Нет телевизија, Бењамин Ќерими ќе биде задолжен за правдата на натпреварот меѓу Вардар Неготино и Вардарски.
Во Радовиш ќе се одигра дерби меч на Детонит Плачковица и Башкими, а кој ќе го суди Благојче Ралевски, а дерби кое ќе може да го следите во живо само на М Нет Спорт.
Фуркан Идризи ќе им суди на Скопје и Новаци, Марјан Стојановски ќе биде задолжен за правдата на натпреварот меѓу Кожуф и Победа. Борец дома ќе игра со Беласица, а ќе им суди Христијан Божиновски, додека пак Сашко Ристов ќе им суди на Македонија ЃП и Арсими.
Александар Ванев, М-Нет