ФФМ назначи нови селектори на младинските репрезентации: Капинковски, Начевски, Станковски и Исени

Фудбалската федерација на Македонија на денешинот Управен одбор донесе одлуки за назначување на нови селектори на младинските репрезетанции.

Димитар Капинковски е назначен за селектор на македонската репрезентација до 18 години, тој има искуство како тренер на Пелистер, Победа и Самтредиа од Грузија, а негов асистен ќе биде Ѓорѓи Стојчев кој ја освои двојната титула со Брера Академија Пандев.

Драган Начевски е назначен за селектор на македонската репрезентација до 17 години, тој беше дел од тренерскиот кадар на академијата на ФФМ, а работеше и како асистент во репрезентацијата до 21 година.

Горан Станковски е новиот селектор до 15 години, тој претхдоно беше кормилар на Работнички, а тој е поранешен селектор на Македонија до 17 и 19 години.

Илјами Исени е назначен за нов селектор на македонската репрезентација до 16 години.

Александар Ванев, М-Нет