
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од осмото коло на плеј-офот и плеј-аутот на ракометната Суперлига.
Осмата рунда од плеј-офот беше отворена вчера со натпреварот меѓу Бутел и Тиквеш, каде гостинот од Кавадарци забележа победа од 25:29. Во недела од 18:30 часот Охрид на домашен терен во салата „Билјанини Извори“ ќе го пречека Вардар во меч каде бодови се силен императив и за двете страни.
Охрид сака триумф против фаворитот, а пак Вардар нема право на грешка ако сака да го сочува првото место.
Колото ќе се комплетира дербито меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер, кое е одложено бидејќи Алкалоид ќе го одигра вториот финален натпревар против АЕК Атина.
Во плеј-аутот екипата на Струга на домашен терен ќе игра против Радовиш во меч од капитална важност и за двете екипи со цел да дојдат до триумф за директен опстанок во Суперлигата.
Натпреварот се игра во сабота со почеток од 18 часот.
30 минути подоцна Прилеп на домашен терен ќе игра против Куманово, во битка и за прво место на плеј-аут табелата.
Службени бодови добива екипата на Пролет која требаше да игра со Борец ФЛ кој е исфрлен од лигата.
Александар Ванев, М-Нет