Раде Цицмиловиќ нов тренер на второлигашот Беласица

Беласица го назначи Раде Цицмиловиќ за нов тренер, кој се враќа на тренерското столче кај тимот од Струмица, кој го водеше и во минатото. Доаѓа како наследник на Мартин Алаѓозовски кој замина во Кувајт.

Цицмиловиќ ќе дебитира веќе во недела против Брера во градско дерби, а претходно Беласица ја водеше во сезона 2016/20217, ја водеше и во сезона 2017/2018 и под негово водство влегува во Првата македонска фудбалска лига.

Со Воска Спорт, Цицмиловиќ заврши на второто место во силна конкуренција во Втора лига – Запад и играше бараж за влез во Прва лига.

Искусниот тренер веќе го презеде тимот и ќе го подготвува за првиот дуел кој следува, овој викенд од 8. коло на Втората лига против Брера.

Александар Ванев, М-Нет