
Работење повеќе од дозволеното, неажурирани листи на чекање и недоволна транспарентност во работењето – ова е моменталната состојба во дел од здравствените установи, посочи министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес конференција. Според него, дел од институциите не ги почитуваат законските обврски. Министерството веќе има конкретни анализи и увид во состојбата на терен. Најавени се контроли и можни законски измени за ставање ред во здравствениот систем.
,,Веќе имаме имиња на институции и здравствени работници, имиња на директори, кој колку работи, колку пациенти има. Сега во тек исто така ќе бараме од приватните здравствени институции, да видиме колку таму нашите вработени во државните здравствени инстицуии трошат време и е процес кој што трае и кој што има препреки во процесот, бидјеќи со тешки маки и енергија доагаме до податоци. За жал ако сега влезете во листа на чекање ќе видите институции кои што не ажурираат податоци, а законски мора да го направат тоа. Мора да се сени менталитетот и затоа ќе работиме паралелно и на законски решенеија и на терен со нашите органи кои што имаат надлежност за тоа.“, вели Алиу
Алиу соопшти дека има вработени кои што работат дупло од законски предвиденото време. Наместо 20 проценти, се стигнува и до 40 проценти. Вели дека сликата е јасна, но треба обнова.
,,Вработени кои што можат да 20 проценти максимум да работат, тие работат дупло од тоа. Само седум клиники има што стојат пред мене во листата. Oва го вели законот 20 проенти. Ако листа на чекање во една институција е огромна, вие нема да можете да работите на приватна институција, додека таа листа не се намали. Ако треба ќе правиме и дополнително законско решение или друг протокол ќе се менува. Ако е 41 процент е 41 проценти, ако е 21 е 21. Ние веќе знаеме и сликата е јасна“, кажа Алиу
Министерот Алиу вели дека од сега се ке зависи од постапките, кои што се веќе во тек. Бројките уверува дека се јасни и алрамантни. Податоците рече дека се собираните и од локална база и од централна, како и од е-здравство и затоа процесот траед долго.Увери дека се постапува и дека ќе излезат на нова прес конференција за оваа тема.
Иван Митев, М-Нет