Пукната цевка во Штип причина за нови препирки меѓу власта и опозцијата во Штип

За рок од една недела четири дена граѓаните на улица Борко Талев во Штип и околните домаќиства се без вода за пиење, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму додаваат дека за ова немало претходна најава, а бидејќи стануваше збор за продолжен викенд и неработни денови граѓаните не можеа навреме да се снабдат со чиста вода за пиење.

„Без никаква најава претходно жителите од оваа населба неподготвени беа приморани три дена да купуваат чиста вода за пиење во услови на продолжен викенд и неработни денови, со што немаа можност навреме да обезбедат вода. Неодговорно и сосем нехумано е однесувањето на ЈП Исар. Кога се во прашање партиските интереси вода за миење на улиците се носи дури од Гевгелија.“ – велат од СДСМ.

На ова директорот на ЈП Иса Трајче Здравков одговори дека заради незавршена домашна задача претходно, сега тие се соочуваат со дефекти на водоводната мрежа стара 50 години. Истовремено, посочи дека се работи на дефектот и дека вода ќе има.

„За жал не можеме да ги предвидиме дефектите. Некој што не си ја завршил домашната задача во минатото кога бил раководство во ЈП Исар, не заменил водоводна мрежа стара над 50 години па поради тоа сега ние се соочуваме со дефекти“ – додаде Здравков.

Во текот на вчерашниот ден Здравков истакна дека се работи по проиоритет. Најпрво треба населба Македонка во Штип да се приклучи на градскиот водовод, а се работи и на поправање на старите цевки со што не би се ставило под знак прашалник понатамошното водоснабдување во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет