Протест на штипските пензионери во четврток, светиниколските протестираат секоја среда

Штипските пензионери во четврток излегуваат повторно на протест на плоштадот Слобода. Покрај стандардните барања за линеарно покачување на пензиите, велат ќе се разгледуваат и ќе се разговара за пропустите на здтуженијата на пензионери. Децидни се дека нивните активности за оваа тековна година треба да бидат поддржани со цел да ги добијат своите права.

„Во четврток на 28.3.2024 ќе се одржи протест овде на плоштадот Слобода. Ќе се разговара и ќе се разгледуваат пропустите на сите здруженија на пензионери, а посебно на нивното ангажирање за поддршка на штрајкувачите или луѓето кои се во координативните тела. Ќе се разговара за тоа какви се нивните неправилности во нивната работа. За програмата 2024, здружението Скопје има дадено дека сите активности на штрајкувачите да бидат поддржании. Од штипското здружение нашите активности не се поддржуваат.“ – вели Митев.

На протест секоја среда излегуваат и светиниколските пензионери. Дополнително велат ќе бидат дел и од протестот кој е закажан за 4 април во Скопје.

„Заедно со другите пензионери од цела држава и ние пензионерите од Свети Николе ќе учествуваме на протестот на 4 април со цел линеарно покачување на пензиите.“- вели Станојков.

И од двете здруженија на пензионери повикуваат на масовност на портестите со цел да може да се добијат нивните права и заслуги.

„Ги поканувам сите достоинствени пензионери да присуствуваат на овој протест“ – додава Митев.

Пензионерите во изминатиот период постојано на улица ги бараат своите права, односно бараат линеарно покачување на пензиите за пет илјади денари, како и усогласување на минималната пензија.

Лаура Стојанова М-Нет