Кошаркарките на Тим Арена го преслушаа Гостивар, Патриот и Охрид сигурни

Кошаркарките на штипски Тим Арена забележаа висока победа од 53:70 над Гостивар во рамки на 16. коло од Првата Б кошаркарска лига на Македонија.

Штипјанки стигнаа до својата 13-та сезонска победа и се наоѓаат на врвот од табелата со 28 бодови на своето конто.

Јан Бор на домашен терен немаше сили против Охрид, откако охриѓани беа подобри со 39:57, а висока победа забележа и Патриот од Делчево, откако славеше на гостувањето кај Риниа Баскет со 41:75.

Колото ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу Шкупи и Пониква.

Во однос на петторката од табелата лидер е Тим Арена со 28 бодови, Патриот е втор со 27 бодови, на треотот место е Шкупи со 24 бодови, колкку што има и Охрид кој е место подолу, а на 5-тата позиција е Гостивар со 21 бод.

Александар Ванев, М-Нет