
Речиси 50.000 денари изнесува просечната плата во Македонија, тврдат од Државниот завод за статистика. Според нивните податоци, во мај просечната нето-плата била 49.544 денари, што е за 8,2 проценти повеќе од истиот месец лани. Но, граѓаните во Штип велат дека сликата од нивното секојдневие е друга – платите тешко стигнуваат за сите трошоци. Велат дека сè е поскапо, а новите поскапувања на храната, сметките и горивата уште повеќе го оптоваруваат домашниот буџет.
Додека граѓаните велат дека платите тешко ги следат трошоците за живот, сепак од Државниот завод за статистика велат дека просечната плата во земјава расте. Според нивните податоци, во мај просечната нето-плата изнесувала 49.544 денари, што е за 8,2 проценти повеќе во однос на истиот месец лани.
„Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2026 година, изнесуваше 49 544 денари. Во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.9 %, Уметност, забава и рекреација за 11.3 % и Транспорт и складирање за 10.9 %.”, велат од ДЗС
Просечната плата расте според официјалните податоци, но граѓаните велат дека животот станува се поскап. Понатаму она што останува е да се види колку реално се чувствува ова зголемување?
Иван Митев, М-Нет