
На 16.11.2021 во 12.35 часот во СВР Штип, С.Ѓ.(33) од Штип пријавила дека на ул.„Христо Ботев“ во Штип, при рушење на стара куќа сопственост на К.А.(23) од Штип, бил пронајден сандак со 95 куршуми со боеви зрна и 42 куршуми со картонско зрно. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а куршумите биле обезбедени и ќе бидат предадени на Дирекцијата за заштита и спасување Штип за понатамошна постапка.