
На 06.02.2022 во 12.59 часот во СВР Штип било пријавено дека пред помошен објект во двор во с.Парналија, општина Карбинци, била пронајдена почината малолетничка од селото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле екипа на СВР Штип и Јавен обвинител. Патолог од Клиничка болница Штип констатирал дека на телото нема траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.