
Поврзување на населбите Осми Ноември и Баби со едно булеварско решение, реализација на проектот за обиколница во Штип, создавање електирчна енергија преку фотоволтаици, уредување на централното градско подрачје се приритените проекти на кои ќе се работи со парите од обврзницата кои ги доби Општина Штип. Градоначалникот Јорданов истакна дека парите се намески и ќе бидат рационално искористени за подобар град.
„Нашата цел е кога имаме инфлација, кога имаме зголемување на дневна основа на метрејалите на сите потребни елементи за проект, да издадеме обврзница затоа што на тој начин ќе може да создадеме одредени капитални прокети кои ќе генерираат вредност во иднина и со тоа ќе се сервисира и ќе се враќа обврзницата која е издадена. Планирани проекти е поврзување на населбата Осми Номеври со населбата Баби со булеварско решение, обиколница во Штип“ – кажа Јорданов.
Обврзницата е земена со рок на исплаќање од седум години. За разлика од кредитот истата е подолгорочна, и со иста каматна стапка, што значи бенифит има општината.
„Временскиот рок за исплаќање на обврзницата е седум години. Разликата меѓу обврзницата и кредитирањето е што обврзницата е подолгорочна и со фиксна каматна стапка“ – додава Јорданов.
Општина Штип е првата општина која доби обврзница по примерот на европските градови и според Јорданов ова е одлична можност да се работи на капитални проекти и во време на криза и голема инфлација. Резулататот е подобро место за живеење на сите граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет