
Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со доминација во македонскиот шампион, откако во спортската сала „Јордан Мијалков“ пред верната публика беше совладан Борец во дербито на колото со 3-1 во сетови.
Штипјани продолжуваат со одличната форма оваа сезона и незапирливо итаат кон двојната круна во македонската одбојка. Во првиот сет Штип УГД беше подобар со 26:24, во вториот сет штипјани беа подобри со 25:23, а пак третиот сет му припадна на Борец кој беше подобар со 15:25 за 2-1 во сетови.
Во четвртиот сет момците на Кристиан Ристески беше подобар со 25:23 за конечни 3-1 во сетови и нова голема победа на штипјани.
Шампионот Струмица загуби на домашен терен од Работнички си 1-3 во сетови. Првиот сет беше неверојатни голем број на поени и исцрпувачка игра, а сетот му припадна на скопскиот тим со 35:37. Во вториот сет подобри беа струмичани со 25:23 за 1-1 во сетови.
Третиот сет скопскиот тим го доби со 25:27, а пак во четвртиот сет Работнички беше подобар со 13:25 за конечни 1-3 во сетови и победа над шампионот Струмица.
Четвртото коло во плеј-офот се комплетира вечерва со мечот меѓу Сушево и Универзитет во Тетово.
Во рамки на 4. коло во плеј-аутот забележани две максимални победи на гостински терен и една на домашен терен. Скопје со 0-3 во сетови го доби тимот на Јанта Волеј во гости, а низ сетови резултатот беше 19:25 16:25 и 13:25.
Гостинска победа забележа и Шкендија која славеше над Македонија Џио со резултат од 0-3 во сетови, а низ сетови резултатот беше 21:25 во првиот сет, 11:25 во вториот и 18:25 во третиот сет.
Лирија забележа домашна победа над Весна Пробиштип со 3-0 во сетово. Тимот од Пробиштип немаше меч каков што посакуваше, парираше само во првиот сет, кој го загуби со 25:17. Во вторито сет Лирија го декласираше во целост гостинот од Пробиштип со 25:6, а пак во третиот сет Лирија беше подобра со 25:10 за конечни 3-0 во сетови.
Александар Ванев, М-Нет