
Продолжува возењето без возачка, во пијана состојба и со актина забрана, само вчера лишени од слобода 15 возачи на ниво на држава, по еден и од Штип, Пробиштип и Радовиш. Лицата се приведени во полиција, а ќе бидат поднесени и соодветни пријави. Од МВР упатуваат посебен апел, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколу имаат изречена мерка за забрана за управување, или пак доколи се под дејство на алкохол, и сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.