Продолжуваат подготовките на БК Олимпија во Дојран, продлабочена соработката со клубови од Бугарија и Турција!

Продолжуваат подготовките на боречкиот клуб Олимпија во Дојран за настап на Балканското првенство кое ќе се одржи во Скопје.

Во Дојран каде има одлични услови за подготовки, се подигра формата на борачите и борачките на штипска Олимпија, со цел да имаат успешен настап на Балканското првенство кое ќе се одржи во период од 3. до 6. октомври годинава.

Тренерот Муса Дернекчи се заблагодари за одличниот пречек и што се дел од подготовките заедно со Олимпија во Дојран, кој е тука за да го пренесе и своето искуство, а воедно се продлабочува соработката со штипскиот клуб.

„Доаѓаме од Едерне, Турција. Мелда е 12 пати шампионка на Турција, три пат е Европски медалист, шампионка на Светко Универзитетско првенство. Благодарност до БК Олимпија што не’ примија на подготовките. Планот за идните првенства е златни медали од Европското и Светското првенство. Благодарност до тренерите на БК Олимпија за гостопримството“, рече тренерот на турскиот клуб.

Мелда Дернекчи е 22-годишна борачка која 13 пати е шампионка на Турција, а која во Дојран и помага на штипската борачка Андреа Нисева за подготовките на Балканското првенство.

„Моето име е Мелда Дернекчи, се борам за Едерне Спортскиот клуб, имам 22 години и се борам во категорија до 55 килограми. 13 пати сум шампионка на Турција и три пати европска медалистка, два пати петта на Светско првенство и шампионка на Светко Универзитетско првенство. Благодарност до општината на Едерне, исто така благодарност и на боречкиот клуб Олимпија за гостопримството. Се подготвувам за Државното првенство во Турција кое ќе се одржи во јануари. Тренинзите се со голем интензитет и се многу ефикасни. Овде сум да и помогнам на Андреа Нисева во подготовките за Балканското првенство“, вели младата искусна борачка од Турција.

Во Дојран на подготовките е и Олга Попова од боречкиот клуб ЦСКА Софија од Бугарија која е европска шампионка за пионери и веќе се подготвува за наредното Европско првенство.

„Јас се викам Олга Попова тренирам пет години доаѓам од боречкиот клуб ЦСКА Бугарија и сум европска шампионка за пионери тренирам и се подготвувам за наредното Европско првенство кое ќе се следната година“, вели Попова.

Тренерот на БК ЦСКА Софија од Бугарија, Васили Татарли вели дека во Дојран пристигнале по покана од тренерите на Олимпија со цел да ја зајакнат сороботката меѓу клубовите.

„Јас сум Васили Татарли, тренер сум на БК ЦСКА Софија од Бугарија. Дојдовме овде по покана на тренерите на БК Олимпија, да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите клубови. Овде дојдов со тројца спортистки две девојчиња и едно момце. Ова се дел од базичните подготовки за Европското првенство наредните подготовки ќе бидат на Белмекен или Тетевен.“

Станува збор за осум дневни базични подготовки во Дојран на екипата на Олимпија. Подготовките и опремата на БК олимпија се донација на Амбасадата на Бугарија во македонија, а на Балканското првенство од Олимпија засега сигурно ќе настапт пет борачи и две борачки.

Александар Ванев, М-Нет