Проблемите во населбите Дузлак и Света Недела ќе бидат минато, ветија од ВМРО – ДПМНЕ

„Новата иднина за Штип“ предвидува идеи, проекти и ветувања за населбите Дузлак и Света Недела. Носителот на советничката листа од ВМРО – ДПМНЕ, Владко Захариев, и кандидатката за советник, Драгица Петрова, преку промотивно видео посочија на некои од приоритетите.

„Дузлак и Света Недела ќе бидат населби каде ќе живеат среќни жители. Ние предвидуваме огромен градски парк со езера, место за спортување и одмор кај Мирјанина црква и, конечно, решавање на дивата депонија. Ќе обезбедиме простории за урбана заедница и пензионерски клуб, а ќе ги подобриме условите и во паркот на фармацијата. Водоснабдувањето, неасфалтираните улици и дивите приклучоци ќе бидат минато за жителите на овие две населби. После 17 октомври ќе можеме да разговараме за проект, дела, инвестиции, затоа што тоа е новата иднина за Штип“, истакнаа тие.

ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ ја побараа поддршката на граѓаните за 17 октомври. А во полза на истото вечерва ќе одржат средби со граѓаните во населбите Света Недела и Дузлак.

Ребека Спасова МНет