
Прволигашите и второлигашите ги играат генералките пред стартот на пролетниот дел.
На Градскиот стадион во Штип прволигашот Брегалница со 3:0 го декласираше второлигашот Кожуф од Гевгелија.
Андерсон во 11. минута погоди за 1:0, а Робакидзе во 27. минута за 2:0.
Селмани од пенал во 43. минута ги постави конечните 3:0.
Охрид забележа победа на последниот контролен натпревар за овој припремен период против екипата на Новаци. Стрелци на головите за охриѓани беа Емил Скоко, Филип Димоски и Давид Карамачоски.
Александар Ванев, М-Нет