
Првологашите и второлигашите продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.
Второлигашот Брегалница од Штип со 1:3 загуби од Осогово каде за “сините” на Сенев погоди Глигоров, а пак за “жетварите” од Кочани на тестот во Пехчево двоен стрелец беше Ливарека, а еден гол постигна Манов.
Детонит Плачковица со 3:1 славеше над Вардарски на тестот одигран во Радовиш. За радовишани погодија Настевски од белата точка за 1:0 на полувреме, а во вториот дел новите засилувања Неделков и Георгиев, а пак за гостите од Богданци гол постигна Терзиев.
Воска Спорт со минимални 0:1 загуби на “Билјанини Извори” од косовска Сухарека.

Башкими со 2:0 славеше над прилепска Победа, а пак Силекс со 2:0 беше подобар од српскиот тим Дубочица каде стрелци за кратовци беа Ѓорѓиевски и Маронг.

Новаци ремизираше 1:1 на тестот со Скопје кој се одигра на Градскиот стадион во Кичево. Стрелец за Новаци беше Данил Романов.
Александар Ванев, М-Нет