Приведен 45-годишник за оштетување инвентар во спортска обложувалница во Штип

На 03.05.2025 година во 19.00 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Н.(45) од Штип, а по претходна пријава во 17.35 часот дека околу 16.40 извршил оштетување на инвентар и други предмети во објект – спортска обложувалница. По целосно документирање на случајот против истиот ќе следува соодветен поднесок.