Приведен 40-годишник од виничко, физички ја нападнал сопругата со која е во бракоразводна парница

На 26.04.2025 во 22.20 часот, Полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од виничко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга со која е во бракоразводна парница. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.