Приведен 36-годишник на Градскиот плоштад во Берово, се однесувал агресивно кон полициски службеници

На 16.04.2023 во 01.00 часот на Градскиот плоштад во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го привеле А.Ч.(36) од Берово затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.