Приведен малолетник од Свети Николе поради физички напад и се заканувал со остар предмет на неговиот дедо

На 03.01.2021 во 16.00 часот во светиниколско село, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе лишиле од слобода 17 годишен малолетник затоа што околу 13.30  часот во двор од семејната куќа физички го нападнал  и со остар предмет му упатувал закани на неговиот 77 годишен дедо. По целосно документирање на случајот против малолетниот сторител ќе биде поднесена соодветна пријава.