Приведен возач во Кочани, управувал мотоцикл без возачка дозвола, моторот одземен

На 01.08.2026 во 21:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Р.А.(33) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул. „Тодосија Паунов“, полициските службеници сопреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, при што било констатирано дека Р.А. го управувал мотоциклот без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.