
На 14.12.2023 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Е.Б.Д.(23), У.Б.(22) и М.З.Е.(23), тројцата турски државјани со привремен престој во Штип. Тие се сомничат дека околу 01.00 физички ги нападнале Е.О.(23) и неговиот брат А.О., турски државјани со привремен престој во Штип, при што М.З.Е употребил и остар предмет. За случајот е запознаен јавен обвинител и по негово целосно комплетирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.