
На 25.10.2025 во 21:30 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал Б.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.36 промили алкохол во крвта.
На 26.10.2025 во 00:03 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода М.Ј.(33) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал М.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.92 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик