Приведена штипјанка поради закани кон вработена во Клиничката болница Штип

На 26.01.2021 полициски службеници од полициската станица Штип ја лишиле од слобода С.Р.(46) од Штип, затоа што околу 09.00 часот во Клиничката болница Штип, се однесувала агресивно кон вработена и ѝ упатила закани. По комплетирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.