
„Опасно по живот“ вакви натписи може да се забележат во централното градско подрачје во Штип. Покривот може да се сруши во секој момент, рагираа граѓани до нашата редакција. Велат улицата Ванчо Прќе е една од најфрекфентните улици во Штип каде секојдневно се движат повозрасни граѓани, но и деца. Во секој момент може да се сруши покриениот дел на сокакот по кој се излегува до меѓу штипјани познатата едносмерна улица и да настане несакана трагедија. За каква штета станува збор и кој треба да ја санира истатата оговоро побаравме од Општина Штип. Од таму кажаа дека веќе е излезено на терен и дека проблемот ќе се реши во најбрз можен рок.
„Пријавата е и до инспктоеорт за домување. При излегувањето на лице место констатирано е дека се работи за приватна зграда која е во споственост на луѓето кои живеат во таа зграда. Постапката е следна, треба да се види со куќниот совет, доколку има, и сами да си го санираат проблемот. Доколку сами не го санираат проблемот ќе мора оштетената странка то ест лицето кое има проблем да оди со процена на штета и тужба доколку соседот кој го има напрваено проблемот да го санира.“ -кажа Везенков.
Во случај да не се санира штетатата од страна на лицето, на терен ќе настапи Општина Штип. Вработени во ЈП Стипион ќе ја санираат штетата, а ќе биде на трошок на физичкото лице.
„Ние како инспекција не можеме да и дадеме рок бидејќи тоа се работи за приватен имот на колективна станбена зграда. Нема да ќекаме ќе мора вработени од ЈП Стипион да излезат на лице место и да видеме колку тоа може да се санира и понатаму тоа ќе се води по судски пат“ – додава Везенков.
Од Општина Штип во оваа приика апелираа до граѓаните да бидат повинимателни доколку се движат од овде, се додека не се санира проблемот, со цел да не настане некоја несакана трагедија.
Лаура Стојанова М-Нет