
За новите советници во Советот на Општина Штип помина првиот месец па дојде време за парични надоместоци. Со доста проблеми, потешкотии, присуства или не присуства на седниците на Советот поминаа првите 30 дена. Одржаните четири седници на Советот на Општина Штип не поминаа во најдоборо светло. Проблемите започнаа уште на правата констутутивна седница и потпишувањето на свечената изјава со или без придавката Северна. Потоа следеше вонреден инспекциски надзор, според кој имаше неправилности кои требаше да бидат отстранети. На крај сите одлуки кои поминаа на Советот на Општина Штип, беа со одобрување само од мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ. По поминатиот еден месец работа, дојде време и за исплата на надометоците. Според информации на М-Нет телевиизја советниците од СДСМ не добиле целосна исплата на нивните паушали. Претседателката на Советото на Општина Штип, Весна Кожинкова во телефонски разговор за М-Нет ја потрвди информацијата посочувајќи дека им е исплатено 40%, согласно Законот за паушали. За оваа информација ја контактиравме и координаторката на советничата група на СДСМ и колацијата, Маријана Рогожарска Поповска, но не ни одговараше на повиците.
Лаура Стојнова М-Нет