Преку проектот за Јавни набавки Општина Штип ангажираше 20 невработени лица

Преку проектот за Јавни набавки кој неколку години наназад го организира Агенцијата за вработување, оваа година, Општина Штип ангажираше 20 лица активни баратели на работа кои се вклучени во секојдневните активности на Јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“.

Станува збор за проект кој времено, во период од неполн месец, годинава поточно 22 дена, се вработуваат лица од ранливи категории, кои се евидентирани во Агенцијата за вработување.

Проектот за Јавни набавки е дел од оперативниот план на Агенцијата за вработување, за кој оглас секоја година се распишува во месец март, но годинава, поради ситуацијата со КОВИД 19, се реализираше во средината на  минатиот месец.

Општина Штип, преку Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР, аплицирала и одобрени биле средства за 20 лица, кои добиваат дневница од 400 денари.

Од Марија Џонова Попова, вработена во споменатиот сектор, дознаваме дека 80 отсто од дневницата ги обезбедува Агенцијата за вработување, а останатите 20 отсто општината. За 22-та дена, секое ангажирано лице ќе добие по 8800 денари бруто плата, во која сума се вклучени персоналниот данок и осигурување во случај на несреќа.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ