Пред да се донесе одлука, да се размисли за последиците – порачаа оризарите од кочанско

Пред да се донесе каква било одлука да се размисли за последиците, порачаа денеска оризопроизводителите од кочанско, откако Владата најави замрзнување на цената оризот. Велат дека ако се замрзне цената на белото злато младите ќе заминат во странство и производството на ориз ќе згасне.

„Секое неодговорно однесување кое не е во корист на нас земјоделците ќе доведе до се поголем број иселувања на земјоделци од овие краишта и ќе доведе до крајно згаснување и затворање на ороизопроизводството како земјоделска култура во овие краишта. Пред да се донесе било каква одлука мора да се размислува и за последиците, кои ќе ги сносиме ние земјоделците врз основа на оние одлуки кои ги носи Владата“ – вели Ташкоски.

За да се преживее со денешната инфлација, оризарите од кочанско велат производната цена на оризот од 27 денари треба да се покачи на 40 до 45 денари. Во спротивно, нема ниту исплатливост, ниту пак ќе има производство.

„Ние бараме 20% да се покачи цената на оризот, производната беше 27 денари сега со инфлацијата минимум треба да биде од 40 до 45 денари за да преживееме, во спротивно проблем ќе има пак. Ако ја замрзнат цената, ќе нѐ замрзнат и нас и младите ќе избегат, ние позамрзнати ќе бидеме. Со тоа ништо нема да се постигне.“ – додава Арсов.

Цената на оризот беше замзрната во декември 2021 година, а Владата минатата недела соопшти дека се прават анализи дали ќе се замрзнат цените на јајцата, шеќерот и македонскиот ориз.

Лаура Стојанова М-Нет