
Предвелигденски пазарен ден во Општина Штип. Уште рано изутрина во градскиот пазар можеше да се забележи голема раздвиженост, бидејќи граѓаните се подготвуваат за празникот. Зеленчукот најмногу се бараше за салата, а цената без дрстични промени, средно висока, но пазарот не беше многу скап согласни се купувачите.
„Скапо, па не е скапо, цените се средни има и за сиромашни и за богати“
Побарувачка има велат и продавачите, зелка, кромид, лук најмногу се троши додаваат тие. Веќе по тезгите можеше да се најдат и тикви, но нивната побарувачка сѐ уште не го е дотигнала врвот додават продавачите.
“Добра е побарувачката, зелка, кромид, лук, салата најмногу се бара. Цените се исти, нема зголемување“
Се нудеа и земјени производи, но продавачите велат и покрај тоа што има побарувачка не се трошат како на вчерашниот пазар во Кочани.
„Има побарувачка, но во Штип повеќе земјени производи купуваат за чист понеделник“
На пазарот се нудеше, а и купуваше и текстил, а задоволни од истиот беа и купувачите и продавачите.
Лаура Стојанова М-Нет