
Блокиран патниот правец Берово кон беровското езеро. Од денеска сопствениците на приватен недвижен имот од беровско излегоа на протест откако во претходните денови не добија одговор на нивните барања, односно ревидирање на одлуката 12 илјади хектари посеви да бидат заштитено подрачје.
Жителите од беровско и претходно излегоа на мирен протест и пред општинската зграда во Берово, а оставрија и средба со градоначалникот Звонко Пеќески. Тогаш се донесоа заклучоци со кои се предвидуваше сите засеганти инстуитуции да реагираат и да се реши проблемот. Но, откако не најдоа заеднички јазик тие денеска започнаа со веќе најавениот протест со блокада на патот кон Беровското езеро за празницте.