Игор Ѓорѓиев најдобар стрелец во Трета лига – Исток, кои се најдобрите стрелци?

По 12 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Исток најдобар стерлец е Игор Ѓорѓиев, фудбалерот на Слога Виница има постигнато 12 гола, а на второто место на листата на стрелци е Октај Амедов, исто така фудбалер на Слога Виница со 10 постигнати погодоци.

По осум погодоци имаат постигнато Петарт Илиев од Дојранско Езеро и Дарко Нацев од Овче Поле, додека пак седум гола има Димитар Стојановски од Овче Поле.

Новото засилување на тимот од Виница, искусниот Филип Петковски кој пристигна во зимскиот преоден рок веќе има шест гола.

Најдобар стрелец на Брегалница од Делчево е Алекснадар Илиев, а пак на Тиверија е Никола Трајков, со по пет гола. Влатко Коцев со четири гола е најдобар стрелец на Светлост од Зрновци, а пак Васко Коцев со три гола е најдобар стрелец на некогашниот прволигаш Хоризонт Турново.

Во досегашниот тек од сезоната во Трета лига – Исток е постигнат само еден автогол, а истиот си го постигна Живко Гоцев од екипата на Хоризонт Турново.

АЛександар Ванев, М-Нет