
Првото новороденче во Штип е женско, се роди неколку секунди по полноќ. 3 кг, 550 грама, 49 сантиметри, многу здрава се роди Андреа. Во таа чест, градоначалникот Иван Јорданов, посака годинава да има многу новороденчиња, кои што означуваат нова надеж, нов живот и напредок.
“Нема поубаво чувство, од тоа да новата година се започне со нова рожба, со новороденче, кое што еве после полноќ, токму во новата година се роди женско живо здраво Андреа. Навистина посакувам во време кога се бориме со наталилтетот и кога нацијата ни старее, оваа година да имаме многу нови дечиња, новороденчиња, кои што ќе означуват нова надеж, нов живот, напредок. На нашите сограѓани им посакувам успешна среќна и бериќетна година. Во оваа година. Нека малата Андреа биде поттик за напредок.“, вели Јорданов
Дека новороденчињата се светлата иднина, согласен е и директорот на болницата д-р Владко Захариев, кој исто посака повеќе новороденчиња од претходната година.
“2025 почна во Штип со женска рожба и се надеваме дека тој тренд ќе продолжи и оваа година да имаме повеќе новороденчиња од минатата година.”, додава Захариев
Раководителот на гинеколошкото одделение д-р Станка Јаневска, Велкова, посака жените повеќе да раѓаат и да се врати довербата во државните родилишта, бидејќи како што вели тие се тука за сите, кои што ќе ја доверат довербата за да се породат во болницата.
„Прво да им честитам среќна нова 2025 година, многу здравје, среќа. Да раѓаат жените повеќе, да се врати довербата во државните родилишта. Ние сме тука за сите, кои што ќе ја доверат довербата за да се породат во наашата болница.“, додава Јаневска, Велкова
Инаку, покрај во КБ Штип, посета од страна на градоначалникот имаше и во приватни болници, а на сите родилки им беа доделени ваучери и подароци.
Лаура Стојанова, М-Нет