Прва лига Футсал: Астибо вечерва во Штип а Мал Ајакс ќе гостува во Скопје

Вечерва ќе се одиграат 4 натпревари во рамките од 9 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Во Штип екипата на Астибо предводена од тренерот Илија Митров ќе се сретне со тимот на Кеги Моби од Велес. Ова ќе биде можност штипјани кои имаат 5 бодови и се на 10 м. на табелата да ја постигнат втората победа и да се приклучат кон средината на табелата. Екипата сега е комплетна располага со врвни играчи и затоа не случајно беше победата во Кратово изразена со резултат од 7:6 во изминатото коло.Од друга страна велешани се на 9 м. на табелата со 9 освоени бодови и ќе се обидат да ја задржат бодовната разлика. Вториот штипски прволигаш Мал Ајакс е на 12 м. на табелата и ќе има тешко гостување на второпласираниот тим Арбен Бајрами во Скопје. Вечерва ќе се одиграат следните 4 натпревари:

  1. Проект Цико – Шкупи
  2. Црна Река – Велес
  3. Астибо – Кеги Моби
  4. Арбен Бајрами – Мал Ајакс

Утре,Четврток ќе играат Железарец – Карадаку а 9 коло ќе се заокружи во петок со натпреварот Јувентус – Кратово. Сите натпревари ќе се одиграат без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk