
Пиперки, домати, краставици, но и праски од различните краеви, беа доста барани на денешниот пазарен ден во Штип. Продавачите задоволни од продажбата и велат дека со сезонската работа имаат доста производи и додаваат дека цените на истите се речиси намалени.
„Цените се речиси и намалени , а не зголемени. Бидејќи излезе повеќе праска, ние продаваме моментално праска и слива, лично наше производство. Јас сум од Радовиш село Воиславци и тука сум од кога започна самиот пазар, тука сум нон стоп“ – велат продавачите.
“Па пазарот веќе стандардно, нема некоја промена на цените , исти се цените. Има пазар не е без ич, добро е и времето, а производството оде, добро е моментално“
Купувачите, секој според своите парични средства различно гледаат на ситуацијата. За некому скапо, за други поевтино, но заклучно е дека основните производи мораат да се купуваат.
“Пазарот не е скап, меѓутоа на нас ни недостасува парата. Да го произведеш има доста работа, но ние со финансиите сме послаби“- велат купувачите.
Во споредба со претходниот петок, денес на пазарот во Штип, можеше да се заблежи поевтини цени, но и поголема побарувачка. Со самата сезона, се очекува поголемо намалување на цените и согласно со продавачите ќе има доста работа преку летото.
Лаура Стојанова, М-Нет