Празничен Футсал дерби во Штип зачинет со шест атрактивни голови

Преполна беше салата во Тошо Арсов во Штип на дерби натпреварот од првото коло на Втората Футсал лига на Македонија помеѓу екипите на Астибо и на Кардшлк. Љубителите на малиот фудбал по подолга пауза можеа да ги проследат мајсториите на играчите на двете екипи особено на Кардшлк кој ете повторно се активира и настапува во една првенствена сезона а беа потпомогнати и од блех оркестар. Натпреварот започна со претпазлива игра во која за нијанса подобри беа играчите на Кардшлк кои и први дојдоа во водство. Фудбалерите на Астибо не потклекнаа, имаат големо искуство и во финишот на првото полувреме го израмнија резултатот на 1:1 за да на крајот постигнат и гол за 2:1 со што се отиде на одмор.

Во второто полувреме имаше обиди од страна на играчите на Кардшлк да направат израмнување, но се чини дека беа премногу себични, не играа колективно а и физички како да не беа доволно спремни. Тоа го искористија искусните играчи на Астибо и рутинирано постигнаа уште 3 гола за конечен резултат Астибо – Кардшлк 5:1 а стрелци на головите за Астибо беа: Иван Стојчев 2, Марјан Зашков, Александар Божинов и Иван Андонов по еден гол а Џенгис Кадриев го постигна голот за Кардшлк. Судиската двојка Александар Ајдаров и Кирил Манчев одлично го водеше натпреварот имајќи ги во предвид и фер и коректниот однос на играчите на обете екипи.Еве ги комплетните резултати од ова прво коло:

1. Кеги Моби – Црешово Топче 15:0

2. Мал Ајакс – Форца 4:4

3. СЕЕ У. – Овче Поле 2:8

4. Астибо – Кардшлк 5:1

Денес колото ќе се комлетира со натпреварите:

5. Проект Јосифово – Клими

6. Конзули – Велешта

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk