
Бисерната планинска убавица Плачковица за прв пат ги „прими во прегратка“ најмладите спортски качувачи од Македонија на прекрасната вештачка карпа единствена од ваков вид во Македонија. Точно 50 натпреварувачи од 5 македонски клубови ја имаа честа за прв пат да се натпреваруваат и да ги впиваат воздишките на сите искрени љубители кои присуствуваа на овој настан а во „режија“ на качувачкиот клуб Астибо од Штип и Македонската Спортско – Качувачка Федерација. Сите тие се потрудија да организираат настан по сите стандарди и правила востановени по меѓународен терк. Најбројна беше екипата на домаќинот Астибо која освои 11 медалји, 4 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медалји. Златни медалји освоија: Игнат Санев, Натали Трангалова, Васил Караѓозов и Леон Ангелов. Со сребрени одличја се закитија Ева Караѓозова, Калина Стојанова и Тим Бочваров, додека пак бронзени медалји освоија Ана Јорданова, Лина Симонова, Ирина Узунова и Давид Берков.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk